Македонија

Кривична пријава за двајцата насилници кои се однесуваа агресивно кон патниците во автобус на ЈСП

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Р.З.(31) и Х.И.(31), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик.

Имено, на 05.11.2020 околу 17.30 часот во автобус на ЈСП-Скопје бр.7, на автобуската постојка „Рекорд“ во автобусот влегле двете лица, кои не носеле заштитни маски, поради што во автобусот за кратко време почнала расправија помеѓу првопријавениот Р.З. и другите патници, поради непочитување на мерките за ковид-19, при што тој почнал агресивно да се однесува и да им се заканува. Потоа второпријавениот Х.И. дошол до вратата од кабината на возачот на автобусот И.Б(47) и му упатувал закани.

По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе