Свет Топ вести

Бајден со декрети ќе укинува некои од најконтроверзните одлуки на Трамп

Американската јавност ги дозна првите детали за повеќето извршни наредни кои ги планира ново-избраниот претседател Џо Бајден, откако на 20-ти јануари ќе ја преземе функцијата.

Бајден уште во првиот ден ќе објави декрети со кои ќе ја укине забраната за патувања од повеќе земји со мнозинско муслиманско население и ќе ги врати Соединетите американски држави во климатскиот договор од Париз.

Тој исто така ќе се фокусира и на обединувањето на децата со родителите имигранти, кои беа раздвоени на границата со Мексико, како и да преземе повеќе мерки во борбата против Ковид-19.

Целта на Бајден е да сигнализира јасна промена од политиките на администрацијата на Трамп.

Бајден се очекува до Конгресот да испрати и нов предлог закон за имиграција, како и планот за справување со економските последици од пандемијата, вреден 1,9 трилиони долари.

Бајден најави и дека целта на неговата администрација е во првите 100 дена да вакцинира 100 милиони луѓе, опишувајќи ја програмата за вакцинација на Трамп како катастрофален неуспех.

Тој ќе нареди и задолжително носење маски за справување со брзото ширење на вирусот.

“Еден од нашите предизвици во 100-те дена е сите да носат маски по нашата инаугурација. Ќе побарам од вас во наредните 100 дена да носите маски. Ова не е политичко прашање. Ќе објавам и извршна наредба со која ќе мора да се носи маска, таму каде што имам овластување за тоа, за вработените во федералните служби и на федералниот имот. Како и патувањата меѓу државите со возови и авиони” – вели Бајден.

Бајден ја презема власта во соединетите држави во периодот кога пандемијата предизвикува најтешки последици досега. Повеќе илјади луѓе умираат секојдневно а бројот на заразени е драматично зголемен.

Покрај вирусот, американците се уште се во шок од политичкото насилство и упадот на бесната толпа најверни подржувачи на Трамп во Конгресот.

Една од темите на инаугурацијата на Бајден е и слоганот “Америка обединета”, при што се очекува тој да се фокусира на залекување на длабоките поделби во јавноста.

Сите 50 американски држави се под засилени мерки на обезбедување, заради стравувањата од ново насилство од следбениците на Трамп, кои се уште не признаваат дека нивниот миленик убедливо изгуби на изборите во ноември.

Дури и за стандардите на инаугурациите на американските претседатели, мерките за обезбедување во Вашингтон за церемонијата во среда се без преседан.

Километри од улиците во главниот град се блокирани со бетонски бариери и метални огради а повеќе од 20 000 припадници на националната гарда се распоредени во Вашингтон. ЕФ-БИ –АЈ предупреди за можно ново насилство и протести на добро вооружени подржувачи на Трамп.

Силните мерки на обезбедување следуваат откако Доналд Трамп стана првиот американски претседател кому два пати му бил изгласан импичмент. Тој сега се соочува со судење во Сенатот, по обвинувањето за поттикнување на бунт.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе