Македонија Најважни

Разговорите со Бугарија да продолжат, но со единствен став и без отстапки, сметаат експертите

Тврдите ставови на официјална Софија, барањата за вметнување на идентитетските прашања во преговарачката рамка и оспорувањето на постоењето на македонска нација и јазик ставаат дополнителен терет на отежнатото спроведување и исполнување на Договорот за пријателство и работата на историската комисија.

Позициите на Македонија и Бугарија во однос на спорните прашања се јасни и дијаметрално спротивни.

Преговорите со Бугарија не смеат да запрат, но државно политичкиот врв мора да завземе единствена позиција во однос на клучните прашања, смета Малинка Ристевска Јорданова од ЕПИ.

Покрај разговорите со Бугарија, во кои не може и не смее да има отстапки, владата мора да работи и на внатрешен план.

Ристевска Јорданова, не очекува некои значајни поместувања во преговорите со ЕУ и со Бугарија.

Клучот во зајакнувањето на македонските позиции е дипломатска офанзива со која би издејствувале подобра позиција.

Додека од Влдата и МНР продолжува молкот, претседателот Стево Пендаровски вчера откри дека Акцискиот план кој бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева му го врачи на специјалниот претставник Владо Бучковски, сепак задира во македонскиот идентитет.

Шефот на државата останува на ставот дека нема разговори и преговори околу идентитетот и јазикот.

Во меѓувреме продолжуваат острите тонови од официјална Софија. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју на националната телевизија БНТ продолжи со дисквалификациите.

Во Македонија бил спроведуван терор врз Бугарите, се чека на влез во ЕУ за да се продолжи со титовата политика а секој компромис од бугарска страна се гледа како слабост на официјална Софија е ставот на Каракачанов.

Деновиве ќе се знае дали информациите околу текот на преговорите, бугарските барања содржани во Акцискиот план но и деталите од македонскиот нон пејпер ќе бидат достапни за  пошироката јавност и ќе се најдат пред пратениците во Парламентот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Дејан Дејан

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови

Дејан Дејан

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе