Македонија Топ вести

Приведен родител за запуштање и малтретирање на малолетно дете

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К.(44) и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и истата е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. Н.К. е приведена во  полициска станица, а на 16.01.2021 е пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка.

Сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе