Пандемијата од Ковид 19 зеде уште еден живот на медицинско лице. 60 годишната сестра во ГОБ 8 ми септември Нашиде Емини вработена на Одделот за дерматовенерологија починала од последици од вирусот, објавија денеска од Здружението на медицински сестри.
Трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа напишаа нејзините колеги.
Според информациите на Телма таа се лекувала веќе еден месец на инфективната клиника, а ден пред смртта биле префрлена во приватна. Била на боледување неколку месеци претходно, но повторно вратена на работа. За сега нема одговор дали таа се заразила на работното место.
