Вести Македонија Топ вести

Пулмологија: Стоиме зад упатството за Ивермектинот испратено до матичните лекари

Клиниката за пулмологија стои зад препораките во кои случаи и во какви дози да се користи лекот Ивермектин во лекувањето од Ковид 19. Ова за Телма го потврдуваат од таму како реакции на веста која се шири на социјалните мрежи дека пулмологија го препишала од вест на локален сајт која била објавена уште во летото.

Од Клиниката велат  дека воведот за тоа што преставува Ивермектин е универзален, и постои уште од времето кога е создаден лекот во 80- тите години. Додека делот за дозирање на сомнителни и заразени случаи го креирале врз база на научни студии кои исто така се  веке објавени и цитирани од Пулмологија.

Спротивно на ова пак денеска матичниот лекар Ненад Лазаров побара одговорност што добил препораки за кои рече дека се  плагијат. На фејсбук побара одговорност зошто пулмологија испратила насоки од текст објавен во списанието Емитер во Август годинава. Според она што може да се види од објавениот текст во најголем дел се истражувања за дејството на Ивермектинот и статистики на смртност. Лазров вели дека се работи за 70 проценти ист текст со овој објкавен на сајтот.

Но сепак ско се погледне никаде ги нема дозите кои треба да ги примаат заболените од корона вирус, што го разликува од она што го испрати пилмологија до матичните лекари. Под точката Примена на ивермектин  Пулмологија ги разграничила лугето кои треба да го примаат лекот во три групи – медицински персонал кој е високо ризичен да се зарази, луѓе кои биле во контакт со заразен и теттата група веке заболени од корона. Тука се напишани и точните дози. Токму за тоа дека лекот треба да се зема по овие правила, убедува и Министерот за здравство Венко Филипче.

Вчера лекарската комора  ги испрати препораките за лекување со ивермектин до сите матични лекари, откако лекот конечно се најде во аптеките. За него се пишуваше уште во летото но дури сега е ставен на позитивната листа, се издава само со рецепт и едно пакување чини 300 денари.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе