Вести Македонија Топ вести

Владата допрва ќе го разгледува извештајот на УНЕСКО

Забелешките од нацрт верзијата на извештајот на УНЕСКО, во кој се препорачува Охрид од заштитени да се смести на Листата на загрозени светски наследства, се уште не се стигнале на дневен ред на Илинденска ББ. Деновиве извештајот ќе биде ставен на маса пред министрите.  А за сега не се расправало ниту дали и кој ќе понесе одговорност за критките во извештајот дека се нема ниту слух ниту волја да се спроведат препораките и да се заштити регионот. Министерот за транспорт Бочварски, пак вели за сега не се планира ниту одземање на ингеренциите на охридскиот и струшкиот градоначалник, кои  „креваат раменици“ за проблемот со дивоградбите на заштитниот појас од езерот.

Ингеренција е на општините на локалните самоуправи. Ние немаме ингеренции да влегуваме во ингеренции сега за сега на општините и не сакаме бидејќи сите сме се заложиле како општество дека треба да одиме кон децентрализација уште во 2005 година. Ретроградни процени не сакаме како држава и навлегувањево ингеренции на оптините, одмемање на ингеренции на општините.- рече Бочварски.

Но, за неколку минути ја заостри реториката и ги искара.

Ќе постапуваме по препораките а што значи тоа да постапуваме по препораките ќе видите во наредниот период.  Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите  кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори, тогаш ќе ги преземем сите можни чекори со цел овој статус на охридскиот регион да не биде загрозен. – рече Бочварски.

До Министерството за транспорт стигнал извештај за дивоградбите од Охрид и Дебарца, но не биле комплетени. А Струга воопшто не доставила.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, вчера на Топ Тема рече дека не чувствува лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид. За уривање на дивоградбите рече дека треба многу пари и време.

И покрај забелешките во извештајот на Унеско, струшкиот пак Рамиз Мерко за Телма повтори дека не гледа дивоградби на струшкото крајбрежје.

Па немаме диви градби, немаме тврди градби да речам или кои навистина го загрозуваат Охрид или го загрозуваат крајбрежјето на охридското езеро.- рече Мерко.

Невладините седецидни – бараат одговорност, од премиерот и Владата. Невладината „Фронт 21/42“ денеска дури го повика и претседателот Пендаровски да интервенира за спас на УНЕСКО -регионот. Побараа лично да се заложи за извршување на меѓународнитe договори кои ги ратификувала земјава и итно да го стави Охрид под привремена заштита.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе