Вести Македонија

Маричиќ : „Судски совет може да биде професионален иако имаат еден обвинет член за криминал“

Помогнал да се оттуѓи земјиште, обвинителството го гони, кривичниот суд го оценува обвинението, а членот на судксиот совет Зоран Теофиловски сеуште е дел од судскиот совет, тело кое ќе прединачи во прочистувањето на правосудството помпезно најавувано како идна акција на владата од планот „21“. Теофиловски гласа и оценува судии, но тој не е сам вели во добрана на судскиот совет ресорниот минисиер Бојан Маричиќ .

Зоран Теофиловски во Сускиот совет дојде од Апелациониот суд во Гостивар. Тој е обвинет за нелегална приватизација на земјиште во Тетово, заедно со уште шест лица. Чинело 385 илјади евра, а било продадено за 3 илјади евра.  Во извешајот од октомври минатата година, Европската комисија го препозна добриот напредок, но потребни се темелни реформи, прашан – порача шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

„Традиционалните реформи фундаментално се во интерес на граѓаните бидејќи се однесуваат на еднаквост пред законите, праведност, доверба во институциите и пред се значат привлекување на инвестиции во земјата, бидејќи секој инвеститор сака да знае дека во земјата има одговорна и постојана клима, “ вели Дејвид Гир, шефот на делегацијата на ЕУ во земјава

Недопирливи нема, вели министерот Маричиќ посочувајќи го примерот на Теофиловски. Од одлуките на судски совет засега падна само судијката Весна Кичеец од ОХрид. Несовесно и нестручно работела така покажала новата методолгија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдивите, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе