Вести Македонија Топ вести

Обвинителството најмногу ги „слуша“ дилерите и шверцерите со дрога

Се намалува употребата на следење на комуникации во обвинителските истраги, а најмногу се прислушуваат сомнителни за шверц на наркотици, покажува извештајот на обвинителството за 2019-та година кој денеска беше разгледан од надлежната собраниска комисија за надзор на примена на мерките за следење на комуникации. Од вкупно 43 случаи кога се користело прислушувањето, во 26 случаи се „слушале“ луѓе осомничени за препродажба на дрога, покажува извештајот.

И останатите посебни истражни мерки главно се користеле за кривични дела за дрога, со судска наредба што според обвинителството е показател дека во такви криминални активности посебните истражни мерки се потребни и носат докази за во суд.

Видот на кривичните дела кои служеле како основа за примена на посебните истражни мерки укажува на тоа дека јавното обвинителство во текот на 2019 година, се соочи со предизвикот во борбата против организираниот криминал кој е поврзан и со нелегалната трговија со наркотици и со другите кривични дела на организиран криминал, се вели во Извештај на Јавно обвинителство за користење на посебни истражни мерки.

Извештајот поради собранискиот прекин на работа поради изборите и пандемијата се разгледува дури сега, 9 месеци подоцна од вообичаениот период кога се поднесува. Следење на комуникации се користело и во истрага за едно убиство, како и за терристичка организација. Примената на прислушувањето опаѓа неколку години, а се поретко или воопшто не се користи при финансиски истраги и истраги за финансиски кривични пријави и злоупотреби. Од обвинителството за организиран криминал за Телма велат дека посебните истражни мерки особено прислушувањето не се потребни за истраги со финансиски криминал и злоупотреба на службена положба бидејќи таму доказите се обезбедуваат преку извештаи, одлуки и банкарски трансакции за што е потребно вештачење.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдивите, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе