Вести Македонија Топ вести

Лекот „Ивермектин“ ќе се издава само со лекарски рецепт за 299 денари

„Ивермектин“ антипаразитски лек – си го најде своето место помеѓу сите овие наредени лекови. Од денес го има во аптеките за триста денари. Вработените уште на врата нѝ кажаа дека само со лекарски извештај и препишани параметри за дозирање смее да се дојде до апчињата.

Правилата се стриктни бидејќи се очекува голема побарувачка среде Ковид-пандемија.

„студиите за лекот покажале дека може да биде ефикасен во лекувањето на Ковид-19 кај пациенти со лесна, но и кај пациенти со тешка клиничка слика.“

Ивермектин како лек започнал да се користи пред половина век и тоа во ветеринарната медицина. Потоа се употребувал и кај луѓе за третирање на одредени паразити и ефектите биле доста успешни.

Медицински факт докажан преку стручни истражувања е дека овој лек има силно антивирусно дејство особено кај коронавирусот кој го стави светот во пандемија, велат матичните лекари.

Доктор Солески кој и самиот е лекар на Ковид-позитивни лица упати и силен апел до пациентите.

„Се уште се изведуваат одредени клинички студии коишто треба да ја потврдат неговата ефикасност на Ковид-19. Сегашните упатства на одредени стручни здруженија покажуват дека овој лек може да се користи во сите фази на заболувањето од Ковид-19 – во инкубација, во лесна средна и тешка форма на Ковид-19. Дозирањето е различно во зависност од тежината на пациентот и од други карактеристики, затоа мојот апел ќе биде пациентите секогаш овој лек да го земаат според индикации препишани од лекар, според упатствата од лекар и секако овој лек треба да биде следен од страна на матичниот лекар во однос на појавата на одредени несакани ефекти особено кај пациенти коишто примаат и други типови на лекови за други болести., вели доктор Кирил Солески – Специјалист по семејна медицина во Поликлиника СеМед

Во меѓувреме, директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски, за Телма потврди дека од следната недела во три скопски поликлиники ќе се проверуваат вредностите Д-Димерите и ЦРП коишто се исклучително важни во следење на состојбата на Ковид-позитивните.

Станува збор за поликлиниките во Драчево, Бит Пазар и во „Јане Сандански“.

Лицата коишто се позитивни ќе доаѓаат во посебни термини резервирани само за нив за да не се мешаат со останатите пациенти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе