И денес жителите на Тетово не можат да пијат вода од чешмите поради заматеноста во градскиот водовод, што е последица на обилните врнежи од дожд изминатите денови. Препораките се уште важат, иако водата почнува да се разбиструва.
Врнежите од дожд предизвикаа проблеми и за жителите на ромската населба во горниот дел на Тетово. Тие стравуваат од ерозија, бидејќи земјиштето се рони. Проблемот не е нов. Пред три години, на истото место се урна потпорен ѕид врз куќа.
Зголемените водостои на реките, пак, во тетовскиот регион доведоа до излевање. Реката Пена поплави поголема обработлива површина во село Фалише. Вардар, пак, поплави повеќе земјоделски површини во општина Јегуновце. Се работи на санирање на штетите.
Инаку според последните мерења Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220 cm.
Данијела Билбилоска
