Вести Македонија

Водата од чешмите во Тетово и денеска не се пие

И денес жителите на Тетово не можат да пијат вода од чешмите поради  заматеноста во градскиот водовод, што е последица на обилните врнежи од дожд изминатите денови. Препораките се уште важат, иако водата почнува да се разбиструва.

Врнежите од дожд предизвикаа проблеми и за жителите на ромската населба во горниот дел на Тетово. Тие стравуваат од ерозија, бидејќи земјиштето се рони. Проблемот не е нов. Пред три години, на истото место се урна потпорен ѕид врз куќа.

Зголемените водостои на реките, пак, во тетовскиот регион доведоа до излевање. Реката Пена поплави поголема обработлива површина во село Фалише. Вардар, пак, поплави повеќе земјоделски површини во општина Јегуновце. Се работи на санирање на штетите.

Инаку според последните мерења Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220 cm.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе