Македонија Најважни

На чело на ДИК – Александар Даштевски

Собранието денеска со 95 гласа „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија. Ниту еден од пратениците не се противеше на предложениот состав на ДИК.

Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кој е поддржан од опозициската ВМРО ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху.

СДСМ ја даде поддршката на кандидатурите на Борис Кондарко и Радица Ристеска, актуелни членови на ДИК, како и на Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда.

Втор член на ДИК со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Бобан Стојаноски, правник во Собранието.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК, со кој претседава Оливер Дерковски истекува в петок, на 15 јануари. Дерковски нема да биде дел од новиот состав на Државната изборна комисија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе