Македонија

Промени во македонско-бугарската комисија за историски прашања

Владата го именуваше Исамедин Азизи за член во македонско-бугарската комисија за историски прашања. Одлуката е донесена на денешната владина седница, и како што дознава Телма, комисијата не била информирана за ова.

Од владата велат дека Азизи доаѓа на местото на Александар Литовски, од Институтот за национална историја, кому му истекол договорот. Азизи станува член на комисијата на предлог на Министерството за надворешни.

Комисијата која е формирана според договорот за добрососедство со Бугарија има вкупно 14 члена, по седум од двете земји, и бројот на членовите не може да се менува.

Азизи е доцент, научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје. Дипломирал историја на Филозофскиот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал на Институтот за национална историја на теми поврзни со Албанците на Балканот. Област на истражување му е историјата на Балканот во 20-от век.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе