Македонската одбојкарска репрезентација во следниве денови ја очекуваат четири натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Нашата селекција има голема шанса повторно да биде дел од едно големо натпреварување бидејќи турнирот се игра во Скопје.
Прв противник во квалификациите ни е селекцијата на Босна и Херцеговина, а потоа не очекуваат и дуели со Турција.
“Босна и Херцеговина допатува со еден многу млад состав и навистина тоа е непознат противник за нас. Поради пандемијата голем дел од играчите кои настапуваат во странство кои се со поголемо искуство и рејтинг не одговорија на повикот за настап во националниот тим. Има простор да не изненадат, но се надевам дека ние ќе одиграме добро, да не го потцениме противникот и да ја обезбедиме првата победа на турнирот”, рече селекторот Матијашевиќ.
Нашата селекција веќе еден месец се подготвува за овие квалификации и како ретко кој состав во овој период успеа да одигра и четири контролни натпревари кои беа исклучително значајни за подигнување на формата.
“Добро сме подготвени за овие претстојни натпревари. Против Бугарија игравме добро, имавме можност и да забележиме барем една победа. Бугарите се исклучително тежок противник, но задоволен сум што на сите четири натпревари пруживме силен отпор и бевме рамноправни. Токму тоа ми е потврда дека репрезентацијата е добро подготвена за предизвиците што ја чекаат во следниве денови”, заврши селекторот на македонската репрезентација.
ФОТО: Игор Паневски