Полската експедиција имаше неверојатно попладне во германскиот зимски центар и освои три места помеѓу најдобрата 4-рка. Херој на денот е Давид Кубацки.30 годишниот победник на Турнејата за 2020,прелета рекордни 144 метри во втората серија што му ја донесе 5-победа во кариерата.Кубацки беше втор после првата изведба во Гармиш,зад Халвор Гранеруд.Норвежанецот не успеа да ја повтори првата серија и заврши на 2.место со 7,2 бода заостанување.Пјотр Жила го комплетираше подиумот во битка за третото место за само 0,4 бода од сонародникот во полскиот тим,Камил Штох,двократен победик на турнејата од 2017 и 2018 година.Гранеруд ја презеде првата позиција на Новогодишната турнеја со 555 бодови ,пред Карл Гајгер.Германецот кој победи во Оберсдорф, денеска заврши на 5.место.Гајгер има 551 бод,Кубацки е трет со 546,4.Турнејата од Германија ќе се пресели во Австрија.На 3 јануари, Инсбрук е домаќин на претпоследниот натпревар.Финалето е во Бишофсхофен на 6-ти.
КУБАЦКИ СО НОВ РЕКОРД ПОБЕДИ ВО ГАРМИШ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
