Спорт

КУБАЦКИ СО НОВ РЕКОРД ПОБЕДИ ВО ГАРМИШ

Полската  експедиција имаше неверојатно попладне  во германскиот зимски центар и освои три места помеѓу најдобрата 4-рка. Херој  на денот е Давид Кубацки.30 годишниот победник на Турнејата за 2020,прелета рекордни 144 метри во втората серија што му ја донесе 5-победа во кариерата.Кубацки беше втор после првата изведба во Гармиш,зад Халвор Гранеруд.Норвежанецот не успеа да ја повтори првата серија и заврши на 2.место со 7,2 бода заостанување.Пјотр Жила го комплетираше подиумот во битка за  третото место за само 0,4 бода  од сонародникот во полскиот тим,Камил Штох,двократен победик на турнејата од 2017 и 2018 година.Гранеруд ја презеде првата позиција на  Новогодишната турнеја со 555 бодови ,пред Карл Гајгер.Германецот кој победи во Оберсдорф, денеска заврши на 5.место.Гајгер има 551 бод,Кубацки е трет со 546,4.Турнејата од Германија ќе се пресели во Австрија.На 3 јануари,  Инсбрук е домаќин на претпоследниот натпревар.Финалето е во Бишофсхофен на 6-ти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе