Селекцијата на Бугарија и во вториот натпревар што се играше во рамките на турнирот “Бранко Хаџииљоски-Чајка” ја совлада репрезентацијата на Македонија. Овој пат гостите славеа со 3:1 по сетови 17:25, 25:18, 25:22, 25:22.
Според договорот меѓу националните федерации по празниците нашите одбојкари ќе патуваат во Софија каде ќе одиграат уште две контролни средби кои ќе
бидат последен тест пред стартот на квалификациите за Европското првенство што ќе се одржат во Скопје, а противници ни се репрезентациите на Турција и Босна и Херцеговина.
ФОТО: Игор Паневски