Швајцарецот Рамон Ценхаузерн е победник на првиот слалом во новата сезона од Светскиот куп што се возеше на патеката во Алта Бадија.
Ценхаузерн до вториот слаломски триумф, а вкупно четврти во кариерата стигна со вкупно време од 1 минута 45 секунди и 43 стотинки. Веднаш зад Швајцарецот на подиумот се искачи Мануел Фелер од Австрија кој заостана осум стоти дела додека трет со 12 стотинки послаб вкупен резултат беше неговиот сонародник Марко Шварц.
Во генералниот пласман за Светскиот куп на чело е Алексис Пантуро од Франција со 400 бода, 25 повеќе од Норвежанецот, Александер Омот Килде, а на третата позиција се наоѓа Марко Одермар од Швајцарија со 340 бода.
Следната слаломска трка на програмата е веќе утре кога најдобрите алпски скијачи ќе се борат за бодови во Мадона ди Кампиљо.
