Спорт Фудбал

Тотенхем е заинтересиран за Забицер

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо би сакал во текот на јануарскиот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Лајпциг, Марсел Забицер.

Германскиот клуб најави дека во следниов период ќе почне да преговара со австрискиот репрезентативец чиј договор истекува во 2022 година, но се шпекулира дека во исто време е подготвен да разговара за евентуален трансфер.

Сабицер, кој во Лајпциг ја носи капитенската лента во текот на минатата сезона на 44 натпревари постигна 16 погодоци и имаше 11 асистенции и еден од клучните играчи во составот на Јулијан Нагелсман.

Откупната клаузула во договорот на Сабицер изнесува 92 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе