Вести Македонија Најважни

Оние кои два пати го прележале вирусот, вториот пат поминале многу потешко

35 луѓе од земјава по вторпат се заразиле од Ковид 19. Во оваа статистика влегуват луѓе кои три месеци или подолго од првиот позитивен тест повторно развиле симптоми па се тестирале и повторно биле позитивни. Според надлежните тоа е доволен период за еден пациент да биде излечен, па да се потврди дека повторно се заразил. Сите случаи кои се евидентирани во земјава првиот пат поминале или без симптоми или со полесни, додека вториот со потешка клиничка слика.

Пациентите кои по втор пат се заразени со вирусот Ковид 19, првиот пат биле асимптоматски носители, односно вирусот воопшто не поттикнал имунитет и тие намаат антитела. Присуството на вирусот не развил инфекција кај нив, односно бил привремено присутен и тоа само во горните дишни патишта. Со тоа не се поттикнало вистинско заболување, а тие пациенти првиот пат биле носители на вирусот само неколку дена. Во светски рамки постојат неколку случаи на вистинска реинфекција, односно пацинети со класична симптоматологија од Ковид 19 кај кои по 3-4 месеци, повторно се јавува инфекција. Тоа е многу ретко, но не е исклучена можност за реинфекција. Кај нас таков случај досега не е детектиран, е ставот на лекарите. 

Ваквата слика ја потврдуваат и луѓе кои пишуваат свои искуства на фејзбук групата формирана за таа намена. Телма разговараше со нив и дел велат дека првиот пат болеста ја поминале лесно, а вториот потешко.

Јас поминав два пати Ковид. Еднаш во Јули и втор пат во Октомври. Два пати не беше со тешка клиничка слика, но вториот пат повеќе симптоми од првиот. Имам и пријател што два пати го фати и тоа вториот многу тешко.

Брат ми е по втор пат позитивен! Еднаш во јули втор пат сега!Моментално е во болница!Првиот пат лесно сега бога ми..хорор!!!

Уште во Април на мажот ми колега беше позитивен без симптоми, еве сега е во болница на кислородна поддршка.

Инаку најчесто неодговорено е прашањето дали е можно вирусот подолго време да опстојува во организмот па поради тоа да се создаваат овие случаи. Сепак инфектолозите со кои разговараше телма велат дека тоа не е возможно. Објаснуваат дека како и со другите вирусни заболувања така и со ова имунитетот не е траен па поради ова може да се заразат и по втор пат. Сепак признаваат дека вирусот се уште не е доистражен за да се направи јасна слика за тоа во кои случаи може да се дојде до второ заразување. Во земјава се уште не е евидентиран случај на нелкој кој бил заразен и по трет пат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе