Вести Македонија Најважни

Тоновски: EУ е винова што Mакедонците посегнуваат по бугарски пасош

Пјаченца, град со околу 100,0000 жители, а секој 10 ти потекнува  од Струмица и околијата. На црно, а потоа со бугарски пасош живеат и работат иселниците кои со години го населуваат овој но и други градови во Италија, се неофицијланите податоци на тамошното здружение на македонците. Но, патот до Пјаченца или други градови во европската унија започнува во амбсадата на Бугарија со барање за државјанство и патна исправа. Причините за заминување се многу, цената за пасошот ниска, а одговорот од бугарските власти не подолг од 36 месеци, отворено збруваат струмичани на оваа тема за камерата на Телма.

Бугарскиот пасош не те прави бугарин по националност, туку ти отвора можност да станаеш граѓанин на европската унија е оценката на социологот и универзитетски професор Горѓи Тоновски, откако Бугарија ја отвори оваа тема во нивниот парламент.

Заостраната реторика меѓу двете земји по неодманешто вето за ЕУ ги отвори прашањата за малцинства, етничкото потекло и идентитот. Според Тоновски, токму европската унија е виновна за оваа состојба, бидејќи предолго земјата е надвор од европското семејство на држави кои нудат подобра егзистенција и квалитет на живот.

Одлуката да се стане Бугар на хартија во измиантите 10 години ја донеле над 70, 000 македонски граѓани, а властите во Бугарија дале зелено светло за што потврди и тамошното минситерство за правда во вчерашната расправа во собранието на Бугарија, но колкав е вкупниот број на издадени пасоши на македонески граѓани сеуште нма официјална бројка од надлежните инистуции на двете земји иако оваа појава од одамна е веќе занимање на голем број граѓани кои што посредуваат и заработуваат огромни суми за вониниституционални услуги.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе