Македонија

Украдена марихуана од магацин во село Јосифово

Минатата ноќ , во 3 часот по полноќ, било украдено засега непрецизирано количество марихуана од магацин во село Јосифово, Валандовско.

На оваа локација се чувале големи количини марихуана која легално се произведува во државата, со лиценца и сите неопходни дозволи.

Истрагата на МВР е во тек за откривање како крадците влегле во добро чуваните магацини и на кој начин ја однеле украдената марихуана.

Полицијата најавува брзо откривање на сторителите и нивно приведување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје домаќин на безбедносен форум

Kristina Kuzmanovski

Собранието денеска ќе избира член на Судскиот совет

Kristina Kuzmanovski

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе