Македонија Топ вести

Полицајката позната по случајот со пајакот замина од МВР, причина биле неправдите што и се случиле

Полицајката Јасмина Ангелеска се откажа од своето работно место. Објави на фејзбук дека повеке не можела да ги трпи неправдите кои и ги нанеле вработени во МВР.

“Во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови. За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија. Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте” – напиша Ангелеска на фејсбук.

Ангелеска на јавноста и стана позната по случајот до функционерот на ДУИ Бекир Асани, кога со пајак се обиде да го отстрани неговото непрописно паркирано возило.

Тогаш беше повикана на средба и кај министеот Оливер Спасовски по што рече дека била повредена на раката но дека сама удрила во пајакот. Обвинителството пак се откажа од кривично гонење на Асани.

Претседателот на синдикатот во МВР Гоце Делчев Тодев вели дека она што и се случувало по овој настан ја натерало да си замине.

Од МВР за сега немаат коментар за она што се случуваше со Анѓелеска.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пожарникари и доброволци во борба со огнот меѓу штипските села Долани и Љуботен, каде гори шума

Дејан Дејан

Предупредување од Техеран – нападите врз Либан ризикуваат да го загрозат договорот меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе