Вести Македонија

Тишина во СДСМ околу поддршката на лидерот Заев – интерпелација за владата од опозицијата во собранието

Се ниша ли партиската фотеља на лидерот на СДСМ Зоран Заев, засега е прашање за кое јавноста дискутира, а одговорот вешто се избегнува од најблиските виосоки партиски функционери. Интервјуто за бугарската телевизија го прекина 7-годишниот молк на претходникот на Заев, а Црвенковски јавно побара за ставовите на Заев да дискутира извршниот одбор. Таква средба засега не е закажана, а партискиот пиар го осуди писмото на Црвенковски. Поддршка за Заев и осуда за Црвенковски денеска упати и  генерелниот секратар и министер Љупчо Николовски.

Не е точно дека Заев не ја ужива довербата од скопското крило на социјалдемократите, категорична е министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. И покрај цврстата блокада од Бугарија ,се уште постои оптимизам за брзо одблокирање од ветото, е оценката на  Шеќеринска.

Тензиите од медиумите по интервјуто на Заев кое беше оценото од јавноста и критичарите како сервилно и историски неточно се прелеаа и на улиците во Охрид. Вандали го оштетија обележјето на удавените бугарски туристи, а по реакцијата од Бугарија и македонското МНР, градот експресно го обнови. Ваквото однесување на граѓаните, се обиде да го објасни експремирот Љубчо Георгиевски во гостување на бугарска телевизија.

Зелените коалициони партнери на владата ги поддржа интеграциските процеси, со зачувување на јазикот и идентитот, а до владата предложија вклучување во мешовитата историска комисија и европски експерти кои имаат искуство во комисии од ваков карактер.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе