Македонија Најважни

Заев: Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април а екс функционерите Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атансовски се изманипулирани од нивниот шеф. Со вакво сведочење премиерот Заев ги изненади сите присутни на денешното рочиште за органзaторите на 27-ми април.

Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според моите сознанија мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. не е коректно за правниот систем да се води ваков предмет, изјави сведокот Зоран Заев.

По ваквото сведочење Заев не даде изјава за медиумите.  Обвинителката Вилма Русковска не се согласува со премиерот. Смета дека ваквата негова изјава e дадена во форма на мислење и непоткрепена со ниту еден доказ. Одбраната го оцени како искрено ова сведочење на премиерот очекува  повлекување на обвинението.

Во првиот предмет за извршителите на 27-ми, Заев сведочеше на предлог на обвинителството, овој пат на предлог на обраната, поради што Русковска прв пат ги слуша овие негови ставови.

Четворицата обвинети како организатори на  крвавиот четврток одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок. И Груевски беше меѓу осомничените но поради тоа што е во бегство и во истрагата не беше сослушан не се најде меѓу обвинетите.

На денешното рочиште требаше да сведочи и пратеникот Африм Гаши но по паузата, на Ристовски на влезот од судот му била измерена повисока температура, поради што судењето се одложи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе