Вести Македонија Најважни

Пендаровски за ДВ: Спорот со Бугарија може да се реши само ако се почитува достоинството на македонскиот народ

Претседателот Пендаровски му одговори на Заев  дека во неговото 20-годишно искуство во меѓународната политика оценил дека кога се искажуваат ставови – зборовите со соговорниците, а  посебно бугарските, треба да се прецизни. Ова е одговорот на Претседателот, кого Заев го прозва дека нема големо политичко искуство.

,,Антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба, сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите, вели македонскиот претседател Пендаровски во интервју за Дојче Веле на македонски, кое во целост ќе биде објавено утре.

Шефот на државата потенцира дека  македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ, и со избегнување на опасната замка на историскиот реви-зионизам, кога тој, наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции.

Пендаровски вели дека за решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус, кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност, која е очигледна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе