Вести Македонија

Ковид кризата го зголеми семејното насилство во Струмица

84 годишна жена којашто била физички и психички малтретирана од својот внук е најстарата жртва на семејно насилство којашто била сместена во Шелтер центар во Струмица. Жената престојувала одреден период во текот на летото, велат од организацијата Скај плус којашто раководи со шелтерот. Најмладата жртва згрижена во овој центар било 18 месечно бебе со својата мајка. Бројот на жртви особено е зголемен во време на пандемијата.

Општина Струмица синоќа го обои споменикот на градскиот плоштад „Жена под маска“ во портокалово и порача дека маската на насилството мора да се симне.

Според статистиките на СВР пандемијата ги зголеми пријавите за семејно насилство во време на корона-кризата. Струмица псоледниве месеци е едне од најпогодените градови од ковид-19 со голем број инфицирани но и починати лица.

 

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјадници демонстранти од цела Италија маршираа против миграцијата – некои со дигнати раце во фашистичкиот поздрав и извици „Дуче! Дуче!“

Дејан Дејан

Mоторциклисти возат без шлемови, а често и под дејство на алкохол

Дејан Дејан

Се очекува електронското потпишување на примирјето меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе