Македонија

Владата го усвои Предлог- законот за заштита и спречување на насилството врз жените и семејното насилство

Во почетокот на пандемијата со Ковид- 19, насилстовото во земјава пораснало до 10% во однос на порано, рече министерката за труд и социјална политика Шахпаска. Со цел намалување на насилството, Владата го усвои Предлог- законот за заштита и спречување на насилството врз жените и семејното насилство, кој ќе оди во собраниска процедура. Власта очекува подршка од опозицијата при гласањето на овој закон.

Првичните анализи покажале дека животот во услови на карантин и рестрикции за движење на граѓаните, од почетокот на пандемијата со Ковид -19  , предизвикал пораст на насилството во земјава, рече министерката за труд и социјална политика.

  • Првите три месеци кога како Влада превземавме мерки во облик на рестрикции, ограничено движење , карантински мерки, насилството беше зголемено за некој процент, според првичните анализи, меѓу 8 до 10 % – Јагода Шахпаска- министерка за труд и социјална политика

Заложбите за препознавање и отстранување на можноста за пораст на насилството и конкретната заштита и подршка на жените жртви, се преточени во Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство , кој Владата го усвои . Законот , зад чија изработка стојат експерти и невладиниот сектор, е дел од Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција,  ратификувана кај нас во декември 2017 година. Тој предвидува надлежните институции во постапката при родово базирано насилство врз жените и семејно насилство , да постапат брзо и со внимание кон жртвата, со цел нејзина заштита и реинтеграција во системот, вели Шахпаска.

  • Судот има обврска веднаш, а нојдацна за 24 часа по прием на предлог од МВР и полицискиот извештај, без да одржи рочиште, да одлучи за изрекување итна мерка за заштита, односно отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот. Жртвата има право да поднесе тужба пред Граѓански суд, за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институции – Јагода Шахпаска- министерка за труд и социјална политика.

Товарот за докажување е на институцијата и на лицето кое не постапило по законот , а жртвите се ослободени од судските трошоци во постапката, дополни министерката. Законот за спречување насилство врз жените и семејно насилство ќе ја продолжи процедурата во Законодавниот дом, а при гласањето власта очекува подршка од опозицијата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе