Пандемијата со Ковид-19 им прави огромни проблеми на луѓето кои ги организираат натпреварите во кошаркарската Евролига.
По веста дека во составот на Алба позитивни шест члена, Евролигата експресно реагираше и го одложи дуелот со Басконија што требаше да се одигра в четврток.
Тимот од Берлин пред последниот натпревар со ЦСКА во Москва имаше еден позитивен играч, а по враќањето од руската престолнина позитивни резултати на Ковид-19 имаат уште петмина и сите се во изолација.
Покрај дуелот во Берлин, одложени се уште натпреварите Зенит – Армани и Анадолу Ефес – АСВЕЛ.