Вести Код Македонија

КОД: -Дали сум силувана; Младите не ги препознаваат сексуалните и насилничките закани на интернет и во реалноста

Младите се технолошки напредни, но неедуцирани во однос на безбедноста на интернет и се затворени во виртуелниот свет каде има и врсничко насилство, булинг и малтретирање, сексуални злоупотреби. Се случува учениците дури да прашуваат дали се силувани, бидејќи определени работи за нив веќе се нормални иако значат злоупотребување на децата, објаснува една од соговорниците во емисијата КОД на тема сајбер булингот и врсничко насилство (ТВ Телма 19:15 часот)

Булинг, врсничко насилство, сексуално вознемирување и користење на податоци, предатори. Ова се најчестите начини за злоупотреба на интернет. Тој е добра добра алатка но опасноста може да демне доколку не се знае како да се користи. од друга страна пак и кога ќе се наиде на закана ретко кој пријавува а најчесто децата и не знаат каде тоа да го сторат.

-Се повеке се појавени предатори на социјални мрежи, на тоа не предупреди и ИНТЕРПОЛ во извештај каде се вели се зголемува злоупотреба на деца, истакна Лилјана Пецова Илиевска, од ИМПЕТУС.

– Сме имале ситуација каде што девојки ме прашувале дали сум била силувана и ми опишувале ситуации кои се експлицитни состојби на сексуално малтретирање, физичко. Сме имале на терен искуство, во моментот се ширела слика на некоја од ученичките и ние сме биле први кои дознаваа. Не се знае каде да се пријават и ние сме најчесто сме прв канал на информирање, вели Катерина Иванова, едукатор на ХЕРА за сеопфатно сексуално образование (ССО).

-Најголем дел од жртвите особено оние кои се помали кои се во средно за жал решаваат да го променат училиштето или класот а некои да се отселат за да го покријат срамот кој го носат. Ние знаеме и за случаи на крајни инстанци кога се решаваат на самоубиство заради овој тип на малтретирање, изјави за КОД Ирена Цветковиќ, КОАЛИЦИЈА МАРГИНИ.

-Генерално одговорите одат во насока дека некако на своја рака се справуваат со вакви појави или блокираат корисник или го игнорираат или бараат помош од непосредна околина, рече Симона Стојчевска, Истражувач на МОФ.

Деца, родители, наставници. Тоа е магичниот круг во кој ако секоја алка си ја знае својата улога би можело многу да е промени. Посредници најчесто се стручните служби во училиштата. Но одамна промовираната идеја за сексуално образование која сега се оправдува со низа истражувања и негативни примери како да ги затече институциите, но и наставниците и родителите на кои најголем дел исто така им треба едукација.

Билјана Николовска

Код е вечерва на Телма во редовниот термин во 19:15 после второто издание на Вестите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во тешка здравствена состојба и неухрането почина 8 месечно бебе на пат кон скопските клиники

Дејан Дејан

Евроинтеграциите како дел од владината програма

Дејан Дејан

Портокаловата фаза и не почитувањето на препораките на лекарите, ги зголеми повиците од граѓаните до итната медицинска помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе