Ракомет Спорт

Пораз на Металург што носи пласман во групната фаза во Европската лига

Металург се пласираше во групната фаза во Европската лига и покрај минималниот пораз од 21-22 на реваншот против Кринс во Швајцарија во рамки на второто квалфикациско коло. Скопскиот тим ќе му се приклучи на Еурофарм Пелистер во второто по ранг клупско натпреварување на ЕХФ, а во четврток двата наши тима ќе ги добијат противниците во групната фаза.

„Металурзите“ запишаа среќен пораз од 22-21 против Кринс, но победата од 26-24 во Скопје им гарантираше пласман во групната фаза од Европската лига. Се играше крајно изедначен и неизвесен реванш, во кој Швајцарците најчесто водеа од еден до три голови разлика. На паузата беше 12-11, но Металург се покажа како многу позрел тим во финишот, кога одигра фантастична одбрана, а тука беше и голманот Даниел Дупјачанец со неколку одлични интервенции да ги откаже сите надежи на Кринс за пласман понатаму.

Голманот на Металург го заврши натпреварот со 12 интервенции, Бранко Канкараш беше најефикасен во нападот со пет голови, по четири имаа Марко Тарабокија и Златко Хорват.

Филип Гаврановиќ со шест голови најмногу се истакна кај Кринс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе