Ракомет Спорт

Металург отпатува за Швајцарија

Ракометарите на Металург денеска заминаа заа Цирих каде во вторник ќе го одиграат реванш дуелот од последното квалификациско коло за влез во Лига Европа.

Во пресрет на мечот со Криенс, клубот од Автокоманда има предност од два погодоци откако во Скопје славеше со 26:24.

Пред да се отпатува за Швајцарија направени се тестирања и сите ракометари на Металург се негативни и може да бидат во комбинација за клучниот натпревар за влез во второто по ранг европско клупско натпреварување во ракомет.

Нашиот тим утре ќе го одржи единствениот тренинг во Цирих, а мечот против Криенс се игра во вторник со почеток од 18 часот и 45 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе