Лос Анџелес Лејкерс е првиот финалист во разигрувањето за титулата во НБА лигата. Шампионот на Западот во петтиот натпревар успеа да го совлада Денвер.
Лос Анџелес Лејкерс забележа победа од 117:107 и со вкупен резултат од 4:1 триумфираше над Денвер во финалето од Западната конференција.
Денвер не успеа да го повтори подвигот од претходните соочувања во разигрувањето кога од водството на противникот во серијата со 3:1 успеваше да направи серија од три победи и да се пласира во следната рунда.
ЛеБрон Џејмс мечот го заврши со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции, Ентони Дејвис додаде 27 поени и пет освоени топки под обрачите, а Дени Грин и Алекс Карузо беа стрелци на по 11 поени.
Во поразениот тим Џереми Грант забележа 20 поени и 9 скока, а Никола Јокиќ имаше 20 поени и седум освоени топки.
Вечерва се игра шестиот дуел од финалето на Истокот во кое Мајами води против Бостон со 3:2.