Ракомет Спорт

СЕХА лигата во новата сезона со 10 клуба

Новата сезона во СЕХА лигата ќе почне на 10 октомври и во новото издание на регионалното ракометно клупско натпреварување наместо 12 ќе партиципираат десет екипи.

Учесниците ќе бидат поделени во две групи, а за разлика од минатата сезона во лигата нема да настапат Спартак Москва и екипата на Универзитетот во Пекинг.

Во А конкуренцијата ќе се натпреваруваат Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе.

Во Б конкуренцијата се партиципираат Еурофарм Пелистер, бранителот на трофејот Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Металопластика.

По комплетирањето на фазата по групи четирите првопласирани ќе го продолжат натпреварувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе