Во четвртиот натпревар од финалето во Источната конференција, Бостон го совлада Мајами и намали на 3:2 во серијата подобар од седум.
Бостон забележа победа од 121:108, а клучен период од натпреварот беше третиот период во кој Селтикс негативата од седум поени на полувреме ја претворија во предност од 92:83.
Џејсон Тејтум мечот го заврши со 31 поен и 10 скока, Џејлен Браун додаде 28 поени и осум освоени топки под обрачите, а Даниел Тајс и Кемба Вокер беа стрелци на по 15 поени.
Во поразениот тим Горан Драгиќ постигна 23 поени додека Данкан Робинсон впиша 20.
Вечерва се игра петтиот дуел од финалето на Западот каде Лос Анџелес Лејкерс имаат предност од 3:1 во соочувањето со Денвер, а шестиот дуел во серијата на Истокот се игра в недела.