Ракомет Спорт

РФМ дополнително им помага на клубовите

На денешниот состанок на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе неколку одлуки кои ќе им помогнат клубовите во земјава.

За да бидат ослободени од дополнителни трошоци клубовите кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во Супер лигата нема да ја плаќаат котизацијата за учество, а на товар на федерацијата ќе бидат и тестовите кои според пропозициите ќе мора да се прават еднаш неделно.

Со оваа одлука РФМ значително ќе ги намали трошоците на клубовите во време на пандемија кога и финансиските приходи се мали.

 

Соопштението на РФМ од состанокот на УО го пренесуваме во целост:

 

Почитувани ,

Ве информираме за следниве одлуки донесени по итност од страна на УО на РФМ :

Се задолжува Комесарот за натпреварување г-дин Славе Николов во кординација со учесниците во системот на натпревари да го моделираат календарот согласно предлогот од медицинскиот партнер 8ми септември за сезона 2020/21 (во прилог дописот од ЈЗУ 8ми септември) ;

Врска задолжителното тестирање на учесниците во системот на натпревари за детекција на вирусот Сарс2 Ковид – 19 согласно протоколот усвоен трошоците за тестирање ќе бидат на товар на РФМ, тестирањето ќе се врши во ЈЗУ 8ми септември ;

Обврската која произлегува од протоколот за заштита и превенција (Сл. Весник на РСМ број 208 од 26.08.2020 година) за задолжителна изјава (во прилог – изјава) обврска за секој учесник да ја пополни пред почетокот на националното првенство сезона 2020/21 и да именува ковид-координатор од страна на клубот најдоцна до 03.09.2020 г. и да се достави во електронска форма на [email protected] ;

Согласно дописот добиен од Генерален координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија (во прилог) каде се задолжува РФМ да врши засилени редовни и вонредни надзори за примена и спроведување на протоколот. Именувани се следните лица за надзор :

  1. Славе Николов (координатор)
  2. Камер Металари
  3. Левче Китевски
  4. Гино Стрезовски

Се укинува котизацијата за клубовите учесници во Супер Лига за натпреварувачка сезона 2020/21 ;

Се задолжуваат лицата именувани за надзор при РФМ да во координација со ковид – координаторите од клубовите се утврди распоредот за тестирање, тестирањето во прв момент ќе биде во обем согласно капацитетот на ЈЗУ 8ми септември (делегација од 21 член од секој учесник), во текот на натпреварувањето по насоки од медицинскиот партнер ЈЗУ 8ми септември ќе се вршат дополнителни неделни тестирања .

 

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе