Ракомет Спорт

Вардар против Нексе за нов настап на Ф4

По скоро половина година пауза, ракометарите на Вардар се враќаат на меѓународната сцена и со дуелот против Нексе ќе се обидат по деветти пат да бидат дел од завршниот турнир во СЕХА лигата.
“Црвено-црните” во реванш дуелот против хрватскиот претставник влегуваат со предност од еден погодок обезбедена на првиот меч што се одигра уште на почетокот од март.

Вардар со видно изменет состав и неколку нови познати имиња ќе се обиде повторно да биде дел од завршницата во регионалното натпреварување и да ја одбрани титулата освоена минатата година.

Во составот на Вардар во првиот официјален настап по прекинот на сезоната ќе дебитираат голманот Роберт Кантрагрел, српскиот интернационалец Марко Вујин, засилувањата од Хрватска Анте Гаџа, Јосип Векиќ и Ловро Јотиќ кој претходно настапуваше за Еурофарм Пелистер, а тука се и македонските репрезентативци Филип Талески, Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски.

Тренерот Стевче Алушовски на располагање ќе ги има сите играчи освен капитенот Стојанче Стоилов кој поради позитивниот тест на Ковид 19 е во изолација.

Мечот се игра во Скопје почнува од 20 часот и 15 минути. Пласман на завршниот турнир што ќе се одржи во Задар веќе обезбедија Загреб, Веспрем и Мешков Брест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе