Ракомет Спорт

ВАРДАР НА 29.08 ГО ПРЕЧЕКУВА НЕКСЕ,Ф4 ВО ЗАДАР ОД 04-06.09.2020

Деветто издание на Сеха лигата финишира во Задар на почетокот од септември.Поради пандемијата на Корона вирусот,Фајнл форот беше поместен од првичниот термин во април.Засега две екипи имаат изборено место во Задар.Загреб кој беше подобар во четвфиналето од Татрan Прешов и Мешков Брест  кој прикажа повеќе во двомечот со Мотор Запорожје.Во август ќе се одиграат и двата реванши од четрфиналето,Вардар-Нексе и Веспрем-Војводина.На 29 август во Скопје од 20.15  ,Вардар со предност од 31-30 по гостувањето во Нашице ја пречекува хрватската екипа како фаворит .Претходно,на 25 –ти август,Веспрем со залиха од 5 гола е домаќин на  реваншот со Војводина.Вардар и Загреб се единствените  екипи кои немаат пропуштено Ф4  во Сеха лигата.Македонскиот клуб е најуспешен со 5 титули  од кои  три во низа од 2017 до 2019.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе