Спорт Фудбал

Баерн и Шалке ја отвораат новата сезона

Познат е распоредот за новата сезона во Бундес лигата чиј старт е закажан за 18 следниот месец.
Новиот шампионат во Германија ќе отвори бранителот на трофејот Баерн кој на стартот ќе сретне со Шалке.

Почетокот на првенството ќе го одбележи и дуелот на двете Борусии во која онаа од Менхенгладбах гостува во Дортмунд, а Лајпциг во првото коло го пречекува Мајнц.

Штутгарт на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов на отворањето од сезоната пред своите навивачи ќе се сретне со Фрајбург.

Првиот дел од првенството ќе заврши на 21 декември, а сезоната ќе продолжи на втори јануари, а според календарот Супер купот на Германија ќе се одигра на 30 следниот месец и ќе се сретнат Баерн и Борусија Дортмунд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе