Спорт

Маркез принудно на втора операција

Две седмици  после првата операција на десната надлактица,Марк Маркез мораше повторно на хируршки стол.Шпанецот од Репсол Хонда има оштетување на плочката од титаниум што му беше вградена после излетувањето во Херез,како последица од стресот и напорите да се врати што побрзо  на моторциклот.Маркез се обиде да учествува на втората трка,но после неколку круга на слободните тренинзи,неговиот тим го повлече од патеката.Трауматологот Хавиер Мир изјави дека   после 48 часа ќе имаат увид во успешноста на втората операција.Светскиот шампион во најсилната класа ќе ја пропушти и трката во Чешка  што ќе се вози на 9 август во Брно.Негова замена че биде тест возачот Штефан Брадл.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе