Вести Македонија

Момчињата на пендалинката не знаеле да пливаат

Повеќе од 20 часа трае потрагата по 16 годшното момче од ресенско кое   исчезна во водите на Преспаснкото езеро. Настанот се случи вчера околу 18 часот во туристичката нaселба Претор кога тојца другари изнајмиле една педалинка.  Но набрзо едниот од нив   потонал во водата и  не испливал на површината. Што се случило  засега не се знае, но сопстеникот на педалинките тврди дека децата скокале во езерото.

Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртана, немаше вода во неа. Некој рекол   дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокаа од педалинката, изјави Ведат Адемовски, сопсвеник на педалинките.

Месното население и рибрите веднаш започнале потрага, а подоцна се вклучија и  нуркачи од Битола, Охрид Скопје,  кои во текот на целата ноќ  и денеска го пребаруват езерото, но засега безуспешно,затоа што  тоа е отежнато поради  густите треви и матната вода. Нуркачите велат дека   трите момчиња биле непливачи, но никој од нив не носел елек за спасување. Дали 16 годишникот скокнал или се лизнал од педалникта, засега е неизвесно. Денеска во потрагата се вклучива  и специјалната единица нуркачи на МВР. Трите момчиња со педалинката биле на 400 метри оддалеченост од брегот на  место каде водата достигнува неколку метри длабочина.

Можам да кажам дека некаде на 4 метра било, некои знаци давале на 4 до 4,5 метри. Претпоставка е,  тоа е од кажување, вели Адемовски.

Оваа трагдеија целосно ја изпразни плажата во Претор, која за овој продолжен викенд беше полна со туристи.  Во Преспа речиси и да нема сезона без ваква несреќа.

Eмилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезноста до 11 часот е 12,78 одсто

Дејан Дејан

МВР: Утрово состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес

Дејан Дејан

Непречено се гласа на територија на цела држава, регистрирани се помали технички проблеми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе