Спорт Фудбал

ЛЕСНА ЖДРЕПКА ЗА АТЛЕТИКО,ФАВОРИТИТЕ ВО БИТКА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

Ждрепката на УЕФА  го одреди патот до завршницата  во ЛШ која за прв пат во историјата ќе се одржи во поинаков  формат,турнир  на најдобрите осум поради кризата што ја предизвика Корона вирусот.Од екипите  кои  веќе се пласираа во четврфиналето, ПСЖ ќе игра со Аталанта,Лајпциг со Атлетико Мадрид.Другите  две двојки за  четвртфиналето  ќе бидат познати по  одигрување на одложените  реванш натпревари од фазата на осминафинале , закажани за 7-ми и 8-ми август.Манчестер Сити на домашен терен ќе ја брани   предноста од 2: 1 од првиот натпревар против Реал Мадрид ,а победник  ќе игра во четвртфиналето против подобрата екипа од судирот меѓу Јувентус и Лион, во кој италијанскиот  шампиони во Торино ќе се обиде  да ја  достигне предноста на францускиот тим кој славеше со 1-0 на првиот меч.Баерн има задача во Минхен да ги одбрани големите  3-0 од гостувањето во  Лондон кај Челси.Ако нема сензација од Челзи,Баварците кои се со една нога во четвфриналето  ќе се соочат со подобриот тим од реваншот меѓу Барселона и Наполи.Првиот натпревар во Неапол заврши 1-1.Токму од  екипите кои ќе го  доигруваат   осминафинале,најдобрите две  ќе се најдат во полуфинале,а на другата страна  ,во полуфиналето ќе се најдат победниците од мечевите ПСЖ –Аталанта и Атлетико-Лајпциг.Лисабон  и стадионите на Бенфика и Спортинг ќе биде домаќини  на Фајнл 8 турнирот во ЛШ во термин од 12 до 23 август.

Четвртфинале (Лисабон, 12-15 август, 21 часот)

1/4 1: Манчестер Сити / Реал Мадрид – Јувентус / Лион

1/4 2: РБ Лајпциг – Атлетико Мадрид

1/4 3: Барселона / Наполи – Баерн / Челзи

1/4 4: Аталанта – ПСG

 

Полуфинале (Лисабон, 18 и 19 август, 21 часот)

Победник на 1/4  1 – Победник на 1/4  3

Победник на 1/4  2 – Победник на 1/4  4

 

Финалето  во Лигата на шампионите ќе се игра на 23 август во Лисабон на стадионот „Бенфика“, со почеток во 21.00 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе