Ракомет Спорт

ИХФ ја разочара цела Македонија: Ракометарите нема да играат на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација нема да учествува на Светското првенство во Египет идната година во јануари, откако Интернационалната ракометна федерација одлучи да не ни додели вајлд-карта за учество.

ИХФ двете специјални покани за учество на ракометниот мундијал ги испрати до Полска и Русија, што беше големо разочарување за македонската репрезентација и секако домашната спортска јавност.

Нашите ракометари не добија шанса на терен да се изборат за учество на Светското првенство идната година, бидејќи Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги поништи баражите поради коронавирусот. Македонија требаше да игра двомеч со Франција.

Наместо тоа, патниците на Мундијалот од Европа беа одредени според пласманот на репрезентациите учеснички на последното Европско првенство.  Нашата селекција финишираше на 15-тото место, а Франција која беше 14-та на конечната табела на турнирот се пласираше на Мундијалот.

Македонската репрезентација ќе пропушти Светско првенство по четири учества по ред, односно нема да играме на голем турнир по цели девет години, ако тука се сметаат и четирите Европски првенства по ред.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе