Спорт Фудбал

Бундеслигата стартува во септември

Челниците на Бундеслигата ја разгледуваат можноста новата сезона да почне да 18 септември. Датумот се уште не е дефиниран и се бара начин како календарот на натпреварувањето да се координира пред се со завршувањето на Лигата на шампионите и Лига Европа, но и со мечевите на националниот тим.

Дополнителен проблем во изработката на календарот е и фактот дека следното лето на програмата е Европското првенство чиј почеток е закажан за 11 јуни и мора да се внимава на периодот во кој на играчите ќе им даде малку одмор пред обврските во националниот тим.

Дополнително ќе се разгледува и опцијата за дозвола на присуство на гледачи на трибините, но за тоа треба посебна дозвола од здравствените власти, а оваа одлука ќе зависи пред се од епидемиолошката состојба во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе