Спорт Фудбал

Џеј Ар Смит официјално потпиша со Лејкерс до крајот на сезоната

Лос Анџелес лејкерс за рестартот на сезоната во НБА-лигата се засилија со нов кошаркар во името на Џеј Ар Смит (34).

По неколку денови шпекулации, ветеранот денеска официјално потпишал договор до крајот на сезоната со лидерот на Западната конференција и повторно ќе ја дели соблекувалната со Леброн Џејмс.

Тој беше дел од Кливленд четири сезони и освои шампионска титула во 2016 година. Смит во Лејкерс доаѓа како слободен агент, откако сезонава немаше тим. Ќе го замени Ејвери Бредли, кој се откажа од играње поради коронавирусот.

Смит лани беше отпуштен од Кавалирс, а последниот официјален натпревар го одигра во ноември 2018 година. Понекогаш проблематичниот бек-шутер во кариерата досега ги носеше дресовите на Њу Орлеанс, кој го драфтуваше во 2004 година, од 2006 до 2011 беше дел од Денвер, потоа три сезони играше за Њујорк пред да премине во Кливленд.

Во 2013 година беше прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе