Спорт Фудбал

Навивачите се враќаат на трибините во Италија

Првиот човек на Серија А, Паоло Дал Пино најави дека со подобрувањето на епидемиолошката состојба во земјата следниот месец најверојатно ќе биде дозволено гледачите да се вратат на трибините на натпреварите до крајот на сезоната.

Со секојдневното намалување на бројот на инфицираните може да се очекува здравствените власти во Италија да дадат дозвола за присуство на навивачи откако деновиве беше одобрено отворањето на кината и театрите.

Се очекува во првата фаза бројот на присутните на трибините да биде ограничен на 5000 луѓе, но поголема е веројатноста бројката да биде определена според процентот на капацитетот на секој стадион. Неофицијално дозвола за присуство на гледачите се очекува во втората половина на јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе