Спорт Фудбал

Аргентина најголем извозник на тренери

Според последното анализата на Центарот за фудбалско истражување најголем извозник на тренери е Аргентина, на второто место е Шпанија додека сосема изненадувачки е податокот дека на третата позиција се наоѓа Србија.

Според анализата Аргентина има вкупно 68 тренери кои работат надвор од земјата. Најголем е бројот на оние кои имаат ангажман во соседното Чиле или вкупно 11, а останатите 57 се ангажирани во 21 земја на целава планета.

На втората позиција со 41 тренер во странство е Шпанија. Тие идентично како и колегите од Аргентина се ангажирани во 21 земја додека 34 тренери од Србија работат во клубови во 24 земји во светот.

Зад водечката тројка со 27 тренери е Германија, колку што има и Италија. На шестото место со 25 тренери што работат во странство е Портуалија, 24 има Уругвај, Англија 20, а првата десеторка ја комплетираат уште Бразил со 16 и Колумбија со 14 која десеттото место го дели со Франција.

Македонија е на делба на 24-тото место со пет тренери заедно со Јужна Кореа, Словачка и Шведска.

Во петте најсилни лиги во Европа, во Премиер лигата дури 55 проценти од екипите имаат тренер странец. Следува Германија со 33,3, Франција 22,7 отсто, Италија е четврта со 20 додека најмал процент на тренери од странство има во Шпанија каде само 15 проценти од клубовите немаат домашен шеф на стручниот штаб.

Аргентина како најголем извозник на тренери во домашното првенство има само 4 проценти на странски предводници на екипите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе