Вести Економија Најважни

Мелничарите од ноември ќе замесат поскап леб

За 10 отсто повисока цена на лебот, брашното и  печивата до крајот на ноември најавуваат мелничарите ако владата не им ја субвенционира цената на струјата или не ги додаде во регулираниот пазар. Со сегашната цена, велат,трошоците им се зголемени за 500 пати.

Скапата струја е главната причина за поскапувањето, но и растот на берзанските цени на пченицата. Од годинешната жетва  цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти.Но, на тоа не може да се влијае, затоа што нашите компании се зависни од увоз, особено годинава кога има историски гледано најмал откуп внатре во државата.

Мелничко-пекарската групација своите барања минатата недела ги испрати до Владата и ресорните министерства, но засега немаат одговор. Идната недела очекуваат средба на повисоко ниво, на која се надеваат дека ќе се постигне договор што ќе го спречи новиот ценовен шок.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе