Вести Економија

Енергетиката во фокус на разговорите на Ковачевски и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Тема на разговор на состанокот беше енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот беше истакнато дека воените дејствија на Русија врз Украина се една од причините за енергетската криза во светот и дека ваквата состојба повеќе се чувствува во Европа, за што има сериозно зголемување на цената на природниот гас.

Во разговорите беше истакнато дека Азербејџан придонесува во надминувањето на енергетската криза, преку развивање на постоечките гасоводи. На состанокот беше дискутирано и дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од нив, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ, информира владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски истакнал дека со интерконекторот за гасно поврзување со Грција,  Македонија ќе се поврзе со трансјадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар.

За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет. Средбата во Њујорк меѓу премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи на  Република Азербејџан, Бајрамов, беше искористена за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во различни сфери, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе